• petok 2017
  • sabota 2017
  • nedela 2017

XXXI Меѓународна конвенција на европските карневалски градови FECC

На 31 Конвенција на Карневалски Градови, која се одржа во Врњачка Бања, Прилеп како иден домаќин и организатор ја претстави својата држава, својот град, го претстави карневалот, капацитетите со кои располага, и ја понуди драфт програма за 32 Конвенција во 2012 година. Конвенцијата во Врњачка Бања претставуваше пример за успешна организација, а присутни беа околу 200 делегати од 22 земји: Германија, Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Малта, Хрватска, Америка, Бугарија, Шпанија, Словенија, Русија, Швајцарија, Колумбија, Португалија, Украина, Кипар, Македонија, Србија, Романија, Италија и Уругвај. Делегатите посетија многу културно-историски места и присуствуваа на концерти и манифестации приредени во нивна чест. За време на тие неколку дена целиот град беше во знак на FECC.
Прилеп се претстави со прикажување на филм за убавините на Македонија и градот, настап на карневалска маска, рекламен материјал, како и трпеза со традиционална храна и македонски вина. На завршната вечер свечено се предаде знамето на FECC, со што Прилеп стана престолнина на Европа што се однесува на карневалските градови.

Галерија од XXXI конвенција: