Меѓународен прилепски карневал ПРОЧКА

  

Во Прилеп на Прочка, демоните од под земја ќе допатуваат. По улици и сокаци ќе шетаат, ќе плашат минувачи, откуп за живот ќе бараат, со стапови ќе маваат, секој удар еден плод и блосооење за бериќет и род. Да не посетат на минливоста на животот и повторното раѓање. Тој ден во Прилеп секој може да биде што сака Од човек - камила, од старица - дете, од маж - невеста, од просјак - цар, од мечкари - дар мар. Прочката е приказ на хаосот, од кој светот настанал, ден за многу мајтап, страв и приказна. Не дозволувајте други да ви прикажуваат, дојдете сами и видете. Но не се правете курнази, оти овде има и покурнази.